-->
-->
Роднините на убиените во “Монструм“ бараат средба со министерката за правда
-->

На почетокот на денешното судење за петкратното убиство кај Смилковско езеро, адвокатот на роднините побара да се одржи средба меѓу нив и министерката за правда бидејќи немаат детален одговор за екстрадицијата на прво и второ обвинетиот за случајот кои се наоѓаат во Косово.
Детален одговор од правда очекува и обвинителството. Фатиме Фетаи рече дека подолг период добиваат известувања со иста содржина, односно "постапката е во тек". Бараат во следниот допис, министерството да објасни дали косовските власти воопшто ја почнале постапката за екстрадиција и дали воопшто се водат некакви активности за екстрадиција на обвинетите кои се наоѓаат во Косово.
На денешното судење за “Монструм“ треба да се читаат 133.000 смс пораки и други транскриптите од разговори кои се дополнителен доказен материјал понуден од Обвинителството.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
За убиството се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Тие претходно беа осудени на доживотен затвор но со одлука на Врховниот суд во декември 2017 година, беа укинати пресудите и ги ослободи од притвор осудените.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
