Македонија
2. December 2025 - 16:34

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете

За една година на родителите им се потребни во просек од  160-200 000 денари за да ги покријат основните трошоци за едно дете. Во зависност од возраста, експерите пресметале дека најголеми се трошоците за бебињата и тинејџерите.

Анализата покажува и дека родителите се соочуваат со голем број скриени трошоци за учениците иако образованието во државата е бесплатно. Плаќаат дополнително за средства за хигиена, книги, училишен материјал,униформи, дигитални уреди. Најпогодени се родителите на деца со посебни потреби.

По примерот на европските држави сметаат дека и Макдонија треба да го ревидира начинот на кој ги прави пресметките, доколку државата се стреми да гради демографска иднина.

Ова е прва ваква анализа спроведена со анкета на 650 родители на деца од различна возраст, деца од  предучилишна возраст, основци, средношколци и деца со попреченост или одредена здравствена состојба.

Пресметката на трошоци ја направија истражувачи од Фондацијата Фридрих Еберт и Центарот за еднаквост и правда.