Родителите неутешни: Правдата за смртта на Дијана (5) ќе ја бараат во Стразбур
Одлуката на Апелациониот суд за укинување на пресудите на специјалистите д-р Дарко Цивкаровски и д-р Славиша Каначки, смејството на покојнаа Дијана Маринковиќ (5) од Чуковац ја сметаа за неправедна.
Доколку семејството не биде задоволно од крајната пресуда на српското правосудство, дедото на починатото девојче најави дека правдата ќе ја бараат во Судот за човекови права во Стразбур.
Поради несовесно лекување и смрт на петгодишното девојче во основниот суд во Врање ќе биде повторено судењето на врањските лекари.
Оторинголарингологот д-р Дарко Цивкаровски (42) и анестезиологот д-р Славиша Каначки неправосилно во ноември минатата година се осудени на по три години затвор.
Лекарите се прогласени виновни зошто на 8. јануари 2011 година, при давање помош, несовено постапиле и предизвикале смрт кај девојчето.
Лекарите таа кобна ноќ дежурале на детското одделение во врањанската болница.
По приемот во службата за итна медицинска помош Дијана без преглед ја упатиле на детското одделение. Родителите Ивана и Бојан ја провалиле заклучената влезна врата зошто ќерката им се гушела поради воспаление на грлото.
Судско-медицинските вештаци од Белград и Ниш констатираа дека врањанските специјалисти непрописно ја лекувале малечката Дијана, зошто не препознале непосредна животна опасност. Вештаците уште утврдија и дека лекарите не ги направиле прегледите од доменот на своите специјалности и не организирале итен транспорт на пациентот во операционата сала.
-Неправедно е тоа што на лекарите повторно им се суди за смртта на нашата внука Дијана. Посебно по анализата на вештаците и изведените докази. Сметам дека лекарите не требаше да се осудат на еднакви затворски казни. Праведно се обвинети и требаше да добијат поголеми затворски санкции. Одлуката на нишкиот Апелационен суд значи продолжување на нашата семејна агонија, зошто вината на лекарите е докажана. Доколу е потребно, семејството е подготвено да бара правда надвор од границите на Србија, вели незадоволниот дедо на покојното девојче, Славољуб Михајловиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно