Балкан
6. August 2018 - 13:10

Роден без раце, а сепак урива рекорди: Исмаил (8) доби стипендија за да продолжи да се натпреварува

Приказната за Исмаил Зулфиќ (8), младиот пливач од Зеница кој е роден без раце го обиколи светот.

Благодарејќи на клубот Спид, детето кое некогаш се плашело од вода, денеска е натпреварувач. Доби стипендија во износ од 1.500 евра,  а ќе му биде овозможено и заминување на натпревари.

Исмет и Елмина Зулфиќ, родителите на Исмаил, изразија благодарност поради фактот што Исмаил во наредниот период ќе може да им се посвети на натправарите на кои ќе учествува за Пливачкиот клуб Спид, воден со мисија секогаш да даде се од себе и да ги надмине сопствениот рекорд.