Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир

Русија и Украина би можеле на 15 мај во Истанбул да разговараат за тоа како да обезбедат одржлив мир, како и за реалноста на терен, вклучувајќи го и прашањето за териториите, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.
Тој наведе дека Русија е подготвена сериозно и одговорно да преговара, но оти „сегашните политичари во Киев се неспособни за преговори“.
Рјабков наведе дека темите во Истанбул ќе бидат исти како оние за кои многупати се зборувало, а тоа е како да се обезбеди сигурно, одржливо решение за ситуацијата во Украина, пред сè, со решавање на примарните извори на тој конфликт, и истакна дека исто така мора да се разговара за решавање на прашањата поврзани со „денацификација на киевскиот режим“ и признавање на реалноста на терен, „вклучувајќи го влезот на нови територии во составот на Руската Федерација“.
Рјабков им рече на новинарите дека е рано да се даваат прогнози кога се во прашање преговорите. Тој оцени дека треба да се упати прашање до „спонзорите на киевскиот режим“ и до самиот Киев дали се подготвени за преговори.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека продолжуваат подготовките на Русија за преговори со Украина во Истанбул. Песков напомена дека Кремљ засега не планира да дава какви било други коментари за планираниот руско-украински состанок во Истанбул.
Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови кои беа прекинати во 2022 година и дијалогот да почне на 15 мај во Истанбул. Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но од самиот почеток говореше дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не соопшти на кое ниво ќе учествува.
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
