Заврши испитувањето на Хилари Клинтон во истрагата на Претставничкиот дом на САД за Епстин

Сведочењето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епштајн заврши по повеќе од шест часа.
По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа на она што го знаела“.
Поранешната државна секретарка рече дека таа веќе го споделила она што го знаела во нејзината писмена воведна изјава, пренесе ДПА.
- Не знам колку пати морав да кажам: Не го познавав Џефри Епстин – им рече таа на новинарите во Чапаква, град во американската сојузна држава Њујорк каде што живее со нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон. Таа додаде дека соучесничката на Епстин, Гислејн Максвел, ја познавала „површно како познаничка“.
Бил Клинтон исто така ќе сведочи пред одборот денеска.
Двојката демократи, со месеци одбиваа да сведочат пред Конгресот на САД во истрагата за случајот Епстин. Тие го обвинија републиканскиот претседател на одборот, Џејмс Комер, за водење на политички мотивиран процес.
Според извештаите на американските медиуми, нивната согласност да сведочат на почетокот на февруари доведе до тоа републиканците да го откажат гласањето за процедурата за непочитување на Конгресот против Клинтон.
Епстин со години управуваше со мрежа за злоупотреба чии жртви беа десетици млади жени и малолетници. Њујоршкиот финансиер имаше одлични врски во високите кругови на САД. Тој почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде донесена пресуда.
МИА
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
