Ридско-брзинска трка во Кочани
По пауза од десет години, повторно ќе се вози традиционалната Авто-трка во Кочани. Имено, овој викенд (23-24 јуни) на патеката Пониква, близу Кочани, ќе се одржи втората трка од домашниот шампионат на ридско-брзински патеки.
Организатор на Авто трката во Кочани “ РУЕН ПОНИКВА 2018” е АКК ПРИМО авј, во соработка со Општина Кочани и Ruen-Inox Automobile.
На патеката долга 6 километри и 400 метри, учество ќе земат 25 домашни натпреварувачи, а се очекува и присуство на странски возачи.
Официјалното отворање е закажано за в недела од 12:30 часот, а стартот на натпреварот е предвиден во 13:00 часот.
По успешниот старт на Водно, организаторот се надева дека ќе го врати сјајот на најатрактивниот спортски настан и во градот Кочани.
До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско –брзински трки. Следната е во Крушево (04-05.08 2018) и Водно (10-11.11.2018).
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис