Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
На градскиот плоштад во Тетово во организација „Ретро клуб Тетово“ се одржа ревија на стари автомобили. Изложени беа 50-тина олдтајмери од разни марки и од пред повеќе десетици години од кога се направени.
Kолекционерот на стари автомобили од Свети Николе Стефан Ѓорчев го имаше донесено Фиат 508 Балила произведен во 1932 година што беше најстаро возило на плоштадот.
-Возилото 1956 година доаѓа во Македонија. Првиот сопственик ми се чини дека е од Риека и тој тргнува на патешествие со тогаш веќе стар автомобил низ тогашна Југославија, меѓутоа во Македонија доживува некаков дефект кој не можел да го отстрани, едноставно се решава да го продаде возилото и да се врати дома со друг вид превоз. Тогаш автомобилот го откупува Раде Мадиќ од Скопје, тогаш доста познат мотоциклист, по него возилото го купува некој Сотир од Маџармаало по што овој Фиат завршува кај познатиот Стеван Милошевски, познат како Стево Атракција. По 50 години ова возило од него го откупив јас. Ова возила користено во 1961 година за снимање на филмот „Мирно лето“, изјави Стефан Ѓорчев.
Тој возилото го има купено во 2021 година, кога не било во возна состојба. По неколку години упорност дури годинава успеал да го поправи за да се вози.
-Овој автомобил од Стево Атракција го купив во 2021 година и тоа не беше во возна состојба. Тоа, некаде околу 2.000-та година било реставрирано, но како музејски експонат и не можело да се вози. Последен пат било возено во 1980 година, тогаш му била и последната регистрација. Оваа година, некаде во март, возилото го вратив во возна состојба, со помош на чичко Ацо од Куманово. За да го оспособам за возење користев и стари делови, нови делови и сè што можев да најдам и што можеше да се вклопи. Ова во суштина се едноставни модели на возила па деловите може да се комбинираат или дури и да се направат. Ако го погледнете ќе видите дека бојата е веќе на некои места излупена, но не сакам да ја обновам бојата бидејќи тоа пак од друга страна му ја потенцира староста на возилото. Иако сум добил многу понуди за ова возило, а и за другите стари возила што ги имам, ниедно се сакам да продадам. Не е тука само тоа колку пари ќе вложиш во едно вакво возило, многу е битно колку љубов ќе вложиш во него да го доведеш во возна состојба. Сега ова е најстарото возило во Македонија кое е во возна состојба и е регистрирано. Јас со него дојдов од Свети Николе, а со него и ќе се вратам, а досега веќе имам поминато со него околу 5.000 километри, раскажува Ѓорчев.
На ревијата има изложени модели како Застава Фиќо, Лада, Голф, Мерцедес, Кадилак Линколн, донесени од САД и други видови.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава