Македонија
26. October 2018 - 8:41

Ретроспективна изложба на Клифов во Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена ретроспективна изложба од Коста Клифов.

Ова е трета самостојна изложба на Клифов, кој ненадејно почина. Изложбата насловена „ Крајот почеток е нов почеток – почетокот е нов крај“ е ретроспектива на неговото обемно творештво кое го остави зад себе. 

Клифов е роден во Велес во 1985 година. Факултетот за ликовна уметност во Скопје го завршил во 2009 година. Досега имал повеќе групни и две самостојни изложби низ Македонија и учествувал на неколку ликовни колонии.