ПРЕСУДА
Возбудлива драма за семејните врски, за достоинството, правдата и барањето докази. Серија и за една невозможна љубов која ги освои и публиката и критиката. Добитничка на престижната награда ЕМИ за најдобра драмска серија во светот. Серија која триумфираше на големото доделување на наградите во Њујорк поради неверојатното сценарио и маестралната глума на актерската екипа.
Приказна за два различни света на две различни страни на правдата. Од една страна, ја запознаваме Џејлин, храбра и независна адвокатка бранител за која не постојат граници кога се правилата во прашање. Девојка која постојано е во наидитрување со обвинителите и полицијата, кои гледаат на правдата од еден друг агол. За Џејлин, секој заслужува шанса. Шанса да се одбрани, да го докаже спротивното или да се покае за стореното.
Од друга страна, го запознаваме Илгаз, обвинител кој застапува одмерено, сигурно и цврсто. Неговиот татко е почитуван началник и токму затоа, Илгаз го стекнал своето некомпромисно чувство за доброто и праведното. За него правото и правдата е едно исто и злосторниците се тие кои мора да бидат осудени. Биејќи битка со злото, Илгаз можеби заборава дека семејните врски се некогаш посилни од било која желба за правда.
Откако неговиот брат е обвинет за убиство, Џејлин е таа кај која Илгаз ќе побара помош - да го одбрани брат му. Сега тој се наоѓа пред опасен крстопат - да ја истера правдата како што е навикнат или да направи отстапка во име на честа на фамилијата? Џејлин е единствената која може да му помогне на семејството на обвинителот, но мистеријата за убиството ја вплеткува и неа во таа мрежа на лаги и неизвесност. Жртвата на убиството е всушност нејзината сестра, па така за Илгаз и Џејлин ќе следува опасна битка за откривање на вистината и донесување на вистинската пресуда.
Ново на Сител
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите