ЉУБОВНИЧКИ

Loading Video...

Серија која е одбрана за најдобра странска драма на меѓународните корејски награди со ѕвездите од „Волшебнички“ и „Изгубени“ меѓу главните улоги. Провокативна и возбудлива драма за скандалозниот живот на четири пријателки.

Пријателки кои наоѓаат поддршка една во друга додека се справуваат со своите турбулентни, динамични и тајни животи.  Сави е успешна жена која ја гради својата кариера во адвокатска фирма, а истовремено се обидува да основа семејство со својот сопруг, Хари. Но, неверството на Сави со колегата од работа ќе го разниша нејзиниот стабилен брак и ќе отвори многу дилеми за понатаму. За разлика од Сави, нејзината помлада сестра Џос е сосема поинаква. Од една во друга афера, од една во друга авантура. За Џос, обврската е помалку напорна, па затоа по романсата со нејзиниот шеф, се впушта во љубовен однос со една нејзина клиентка. 

Нивната заедничка најдобра пријателка, Еприл е вдовица и самохрана мајка, решена да го изгради својот живот повторно после трагедијата која му се случила на сопругот. Тука е и Карен, успешна терапевтка чија комплицирана афера со еден пациент оди предалеку и ги засегнува животите и на семејството на пациентот.

На крајот на денот, овие пријателки се секогаш тука една за друга. Да си ги доверат тајните, да се охрабрат и да соберат сила да се справат со сите проблеми во нивните бурни љубовнички животи.