Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставници на Светска банка. Беа презентирани приоритетните области за инвестиции во здравството, во насока на натамошно унапредување на заедничката соработка. На состанокот присуствуваа Керол Мегеванд, директорка на канцеларијата на Светска банка за нашата држава, Река Менон, директор на здравствениот сектор за Европа и Централна Азија, како и други експерти од институцијата, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
- Со експертите од Светска банка имаме воспоставено успешна соработка, што во следниот период дополнително ќе ја зајакнеме со инвестиции во различни сфери во здравството. На еден од претходните состаноци, заклучивме дека Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Заеднички со експертите ги разгледавме можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси, подвлекол министерот Алиу.
Како што се истакнува во соопштението, презентацијата на приоритетните области во здравството произлегува од извршените темелни анализи во секторот, што ги покажуваат предизвиците и можностите за трансформација на здравствениот систем.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
