RESPECT: МВР со превентивни активности против насилно и недостојно однесување на спортските натпревари
Одделението за превенција Секторот за Внатрешни Работи во Скопје во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, утре од 16,30 до 18,00 часот на фудбалскиот стадион Арена Телеком ќе ги реализира активностите во рамки на кампањата за превенција од нарушувањата на ЈРМ при насилно и недостојно однесување на спортските натпревари.
Во посочениот период на влезот на југоисточна трибина ќе се формира “фан зона“ со родители и деца опфатени со проектните активности од основните и средните училишта од градот, коишто со заедничко дружење со полициски службеници ќе ги реализираат активностите од кампањата за спречување на насилство за време на спортски натпревари. Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје ќе се делат пропаганден материјал, реквизити за навивање, тропалки со порака RESPECT.
Целта на активностите е подигање на свеста кај навивачките групи, надминување на јазот помеѓу полицијата и навивачките групи во соработка со спортските клубови, спортските федерации, креирање на фер-плеј мислење и однесување кај навивачките групи, особено младите, и генерално подигање на свеста кај граѓаните и инстутуциите за законската обврска при реализирање и организирање на спортски натпревари со цел споделување на одговорноста.
Инаку Одделение за превенција при СВР Скопје, со поддршка од ФФМ, во насока на зголемување на јавната безбедност, вклучувајќи ги и спортските настани како и обезбедувањето на безбедно користење на јавниот превоз и спречување на нарушувањата на јавниот ред и мир, не само во училиштата, туку и на јавните места, продолжувајќи со спроведувањето на втората фаза на проектот “За безбеден град“, како тематски дел ќе го вклучи и превенирањето од насилството за време на спортски натпревари.
Ново на Сител
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти