Решенија за вработување за 23 волонтери во најголемата штипска градинка „Астибо“
Во штипската градинка „Астибо“ денеска им беа доделени решенијата за вработување на 23 волонтери, кои беа опфатени со Законот за трансформација на работниот однос.
Директорот на градинката Илија Митрев истакна дека ресорните министерства и Владата сериозно ги сфатија барањата на институциите за решавање на статусот на волонтерите.
- Им благодариме на волонтерите што толку време издржаа со ниски примања да ја работат оваа одговорна работа и еве кончено тоа се исплати. Денеска ги добија решенијата, а очекуваме во текот на наредниот период и вработените кои се на договори да ги трансформираме преку законот, со што градинката „Астибо“ ќе го реши статусот на вработените, изјави Митров.
Тој додаде дека до крајот на годината седум лица заминуваат во пензија поради што ќе достави барање до Министерството за добивање на согласност за нови вработувања.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?