-->
-->
Решена мистеријата од пред 12 години - Еве што му се случило на Петар
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/march/10704003102050857564101784891757205404771129nytj56u56u5-42075.jpg?itok=_fCbT0SY)
Сузан Сутовиќ, мајката на Петар Сутовиќ кој во 2004 година почина во Белград, 12 години по смртта на нејзиниот син, успеа да докаже дека бил убиен, а не дека се предозирал како што тврдеше српската полиција.
Аквокатката од Лондон во 2004 дозна дека нејзиниот син починал во стан во Белград. Српската полиција соопшти дека младото момче починало од предозираност, но лондонската истрага покажа сомнителни околности во овој настан. Минатата недела мајката конечно успеала да докаже дека нејзиниот син бил убиен во Белград, пренесе Би-Би-Си.
Сузан раскажала дека сама собирала докази за форензичарите, се обидувала да ги исклучи емоциите за да ја докаже вистината, но многу и било лошо да гледа смрт и крв.
Нејзиното семејство се пожали и на каснењето на администрацијата во Србија и Велика Британија. Британското министерство за надворешни работи пак се изјасни дека обезбедило помош и поддршка на мајката и блиските. Полицијата не била должна повторно да ја отвори истрагата, но мајката направила се што е во нејзина моќ.
И покрај се, мајката на победата повторно да се отвори истрагата гледа со горчина: - Жал ми е за се, беше многу тешко, вели таа.
Истрагата покажува дека Петар бил тепан, скршено му било лицето, имал крвава облека и лежел избоден на кревет, пренесе српскиот Блиц.
Собата потоа била наместена да изгледа како да починал од предозираност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар