Ресен се справува со штетите од поплавите
Ден по силното невреме во Ресен и околината се чистат каналите, со пумпи се исцрпува водата и се поставуваат вреќи пред дворовите и објектите.
Поплавени се повеќе од 50 куќи, магацини со јаболка, визби и земјоделски површини по обилните дождови кои го погодија овој реон. Најкритично е во селата Царев Двор и Дрмени каде се излеале Болнска и Источка река. Жителите велат не паметат вакво невреме и стравуваат од најавите за повторни врнежи од дожд.
Градоначалникот на Ресен Тозиевски најави дека има штети а кризниот штаб пoстојано е на терен.
Состојбата во преспанско полека се стабилизира, а последиците и штетите од невремето допрва ќе се утврдуваат. Во охридско пак според надлежните продолжува санирањето на штетите од поплавите во дел од домовите подрумите и дворовите.
Според информациите на УХМР водостоите на реките во Охридско-преспанскиот регион опаѓаат, но и понатаму се високи, поради што се препорачува внимателност при движење во тие подрачја.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
