Ренци: Излегувањето на Велика Британија од ЕУ треба да се организира со здрав разум и јасен распоред
За организирање на излезот на Велика Британија од ЕУ потребен е здрав разум и јасен распоред, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци, по средбата со британската премиерка Тереза Меј.
- Брегзитот е решение, што со сигурност не ни со допаѓа и влијае врз 600.000 Италијанци кои живеат во Велика Британија, но тоа е одлука на британскиот народ, која ние ја почитуваме, и која сега бара од сите многу здрав разум, јасен план и увереност во насоката, истакна Ренци на заедничката прес-конференција во Меј во Рим.
Тереза Меј, која минатата седмица го посети Берлин, а потоа и Париз, веќе нагласи дека Велика Британија нема да побара официјално излегување од ЕУ пред крајот на годинава.
Британската прамиерка изјави дека гледа разумност во идните односи меѓу нејзината земја и ЕУ.
- Треба да се однесуваме кон тоа со отворена свест. Според мене треба да се направи план, кој е соодветен како за Велика Британија, така и за ЕУ, а не нужно да се држиме кон веќе подготен модел, објасни Меј на заедничката прес-конференција.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот