Ременски: Отисок од прст е криминалистичка метода а не статистистичка постапка
За Утрински брифинг проф. д-р Фросина Ременски изјави дека многу бргу се влета во дебата за предлог кој не е проучен и изанализиран. Но и позицијата и опозицијата не го исклучуваат како можност земањето отисоци од прст заради идентифдиација на граѓаните при спорведување на пописот. Јас сум единствено согласна со ставот дека попис мора да има, но не сум согласна дека отисоците од прсти се релевантен метод за спроведување на пописот.
Како една од причините Ременски вели дека дактилоскопирањето (земање на отисоци од прсти заради идентификација) е криминалистичка метода, а не е статистичка постапка и операција.
-Пописот на населението согласно закон и сите важечки европски стандарди го прават Заводите/Директоратите за статистика на земјите, во ниту еден случај МВР. МВР во својата законска регулатива има услови и цели за примена на полициско овластување “утврдување на идентитет на лице”. Попис на населени преку идентификација на граѓани преку отисоци од прсти не е законска надлежност на МВР, вели Ременски.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“