Симптоми на воспалено слепо црево за кои веднаш се оди на лекар - тешко се препознаваат а се опасни
Слепото црево е нешто кое може да создаде големи здравјстеви проблеми, а во некои екстремни ситуации, ако знаците и симптомите не се следат навреме, може да перфорира односно да пукне и да настане излевање, по што е можна и сепса.
Може да се јави кај секој човек независно од полот и возраста, но,сепак, почесто се јавува кај млади луѓе, деца и адолесценти, а многу поретко кај постари лица или деца до две години.
Првите симптоми се како обична стомачна болка. Тоа се болки во долниот дел на стомакот, гадење, повраќање, губење апетит, како и чувство на отеченост, надуеност и болка при допир. Поради тоа многу често првите знаци се игнорирани.
Ако имате симптоми веднаш треба да се јавите на лекар. Во спротива може да дојде до поголеми компликации, дијареа, мачнина, губење свест, огромна болка.
Доколку се потврди дијагнозата на воспаление на слепото црево, единствен начин на лекување е хируршкиот.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците