Балкан
21. August 2017 - 9:31

Рекордно жежок јули во Грција

Минатиот месец бил најжешкиот јули од 1880 година, соопштија грчките власти, потсетувајќи дека и според податоци на НАСА јули бил еден од најжешките месеци досега на глобално ниво.

Со двата топли бранови минатиот месец, температурите на Крит достигнаа речиси 46 степени Целзиусови.

- На почетокот на јули регистриравме многу голем топлотен бран со многу високи температури, изјави метеорологот Димитрис Зиакопулос за „Катимерини“.

Тој додаде дека ова лето во Грција беше значително потопло од претходните, информирајќи дека високите температури продолжија и во август.