Рекордна реализација на буџетот на општина Гевгелија во 2015
Годината што измина во општина Гевгелија ќе се памети по највисоката, рекордна реализација на оновниот буџет од преку 200 милиони денари, информира денеска градоначалникот Иван Франгов.
Тој посочи дека во изминатите десетина години највисока реализација на основниот буџет на општина Гевгелија во висина од 89,4 милиони денари била забележана во 2008 година која се смета за економски најповолна.
- Значајно е да се потенцира дека над 200 милиони денари основен буџет се реализирани без никаква дополнителна давачка за граѓаните и тоа во година кога се соочивме со бегалската криза и други непредвидени трошоци, рече Франгов и нагласи дека ова е најдобра гаранција за остварување и на новата буџетска рамка во 2016 година во која основниот буџет е проектиран на 476 милиони денари.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари