-->
-->
Реконструкција на водоводна мрежа во Виница
-->
Околу 300 домаќинства од Виница се ослободија од старите дотраени азбестни цевки во водоводната мрежа кои се заменети со нови полиетиленски и добија приклучок на новата водоводна мрежа чија прва фаза од реконструкцијата е комплетно завршена.
- Реконструирани се 3.971 метри водоводна мрежа со што општината има нова линија во должина од 12 километри. Средствата за овој зафат во висина од 9 милиони денари, општината ги обезбеди преку Владата на РМ од Европската инвестициска банка, изјави градоначалникот Емил Дончев.
Дончерв информираше и за реконструираната стара водоводна мрежа во село Блатец, што претставува еден од најзначајните проекти за жителите на ова најголемо населено место во општината.
Општина Виница со средства од Министерството за транспорт и врски успеа да замени 4.367 метри стари азбестни цевки со нови полиетиленски кои ќе треба да ги санираат загубите на вода во населбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска