Реконструкција на три улици во населба Лисиче
Во општина Аеродром деновиве ќе почне реконструкција на три улици во населбата Лисиче со вкупна должина од околу 500 метри.
Станува збор за улиците „Ѓуро Малешевац“ со должина од 200 метри, „Зборски“ чија должина изнесува 110 метри и улицата „Дете Татуличе“ која е долга 170 метри.
Реконструкцијата, како што информираат од општината, ќе опфати асфалтирање на коловозот на улиците со широчина од 3,5 метри, како и изградба на тротоари широки по 1,10 метри од двете страни на улиците.
Реконструкцијата ќе чини околу 5,5 милиони денари, средства од Буџетот на општина Аеродром.
Со реконструкцијата на трите улици, општината, како што се наведува во соопштението, продолжува со предвидената динамика да ги обновува постојните улици и да гради нови на својата територија, со цел подобрување на условите за живеење.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот