-->
-->
Реконструиран водоводот и коловозот на „Људевит Гај" во Дебар Маало
-->
Општина Центар целосно ја реконструира улицата „Људевит Гај“ во Дебар Маало. Поради дотраеност на постојната водоводна инсталација, извршена комплетна обнова на водоводовната мрежа во должина од 71 метар, со пречник од 80мм, како и приклучување на пет постојни и два нови објекта.
Со реконструкцијата се овозможи квалитетно снабдување со вода на постојните објекти и идните објекти предвидени со планска документација, соопшти општина Центар.
На коловозот е поставена асфалтна подлога на површина од 420м².
Ова е 17-та улица што се реконструира во Дебар Маало за време на овој четиригодишен мандат на локалната самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
-
Планирале напади за новогодишните и божиќните празници, притвор за 4 лица кои создале терористичка организација
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција