Реконструиран парниот систем во штипската Клиничка болница
Извршена е реконструкција на парниот систем во штипската Клиничка болница, информира директорот, Ален Ѓеорѓијев. Санацијата е со цел годинава да нема проблеми со затоплувањето на објектите на болницата.
-Знаете дека тој систем е многу стар, а знаете дека Клиничка болница е од пансионски тип имаме различни згради и оти некаде во некои одделенија имаме послаб пренос на топлинската енергија. Во најголем дел сметам дека имаме нафта, системот е сервисиран комплетно и мислам дека нема да имаме проблеми, во текот на грејната сезона, вели Ѓеорѓијев.
Тој појаснува дека проблеми со затоплувањето се појавуваат во зградите на Инфективното и Детското одделение, а каде што потенцираше на пациентите ќе им биде дозволено да користат греалки.
-На Педијатрија имаме набавено и панели, така да сите оние кои ќе ги користат услугите сметам дека ќе бидат во едни пријатни услови и нема да дозволиме да пациентите ја почуствуваат зимата, вели Ѓеоѓријев.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска