Реконструиран дел од регионалниот пат од Виница кон село Бигла
Градежната механизација на ЈП „Македонија пат“ ја заврши реконструкцијата на 2,2 километри на регионалниот пат од Виница кон Делчево преку селото Бигла. Со тоа оваа делница од виничка страна е комплетирана во вкупна должина од 8,6 километри.
– За краток временски период преасфалтирани се последните два километри на територијата на нашата општина, со што целосно е оспособен регионалниот пат кон Делчево и Бугарија. Инвеститор на реконструкцијата е ЈП за државни патишта, кое првично обезбеди 52 милиони денари, а дополнително беа одобрени уште 16 милиони денари за новата делница меѓу селата Трсино и Трстија. Со реконструкцијата е направено и проширување на коловозот од три на пет метри со што значително е подобрена безбедноста за сите учесници во сообраќајот, информира Ивица Димитров, градоначалник на Виница.
На крајот на минатата година беа реконструирани 6,5 километри од патот, на делницата од манастирот „Св.Спас “ до пропустот кај село Трстија, за што беа обезбедени 62 милиони денари.
По завршувањето на градежните работи од виничката страна, останува да се доасфалтираат околу 3,5 километри од правецот на Делчево, односно меѓу селата Бигла и Трстија.
Регионалниот патен правец Виница – Делчево е долг 14 километри и се користи како алтернативно сообраќајно поврзување, пред сè, поради забраните за сообраќај поради одроните на карпи на магистралниот пат А3 преку Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица