Македонија
13. July 2020 - 9:41

Регистрирани 237 прекршоци за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 237 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.