Македонија
3. јуни 2016 - 8:30

Регионална конференција за развојот на енергетиката во Македонија

Во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ денеска ќе се одржи регионална конференција на тема „Долгорочен развој на енергетиката во Македонија-можности и пречки“.

На конференцијата предвидено е да се обратат професори од МАНУ, од Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Косово. Ќе се обрати и проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ. 

Учесниците ќе дискутираат за енергетската ефикасност и влијанието на климатските промени, за обновливата енергија, за моделот за декарбонизација на секторот за електрична енергија...