Рецитал со обоа, фагот и пијано во КИЦ-Скопје
Во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон 19:19 вечер рецитал ќе имаат музичарите Тања Петрушевска-обоа, Марјан Милошевски-фагот и Петар Макариевски-пијано.
Тања Петрушевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), во класата на Киро Давидовски. Активно учествувала во разни камерни состави, го формирала дувачкиот квинтет „АРТ“ и камерното студио „БАХУС“, со кои остварила многу концертни настапи. Хонорарно соработува со Македонската филхармонија и Операта. Покрај многубројните настапи, има остварено и аудио и видео записи. Годинава магистрирала на ФМУ, на катедрата за дувачки инструменти-обоа, со највисока оцена.
Марјан Милошевски од најрана возраст го изучувал фаготот, продолжувајќи ги студиите на ФМУ во Скопје, во класата на професорот П. Трајковски. Погледот кон фаготот, камерната музика и оркестарот добиваат нова смисла и тежина, со што подоцна следуваат бројни настапи. Во моментов тој е вработен во МОБ како прв фаготист и вонреден професор по фагот и камерна музика на ФМУ во Скопје.
Петар Макариевски дипломирал на ФМУ во Скопје, во класата на професорката Јасмин Чакар. Добил асистентско место на Државниот универзитет во Атланта, САД, каде паралелно завршил и магистерски студии по пијано. Имал солистички концерти за кои добил успешни критики и понуди за соработка со повеќе диригенти. Настапува како солист во Македонската филхармонија, а во моментот работи како стручен пијано соработник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси