Речиси половина од новозаразените во Грција се туристи
Дека со порастот на бројот на туристи кои пристигнуваат во Грција расте и бројот на заразени потврди вчерашниот ден. Од откриени 28 новозаразени, речиси половина 13 биле туристи кои влегле во Грција, а два случаи се регистрирани на граничниот премин со Бугарија, Кулата – Промахонас, на кој влегуваат српските туристи.
Сепак, во овој случај не е обелоденето од која националност се лицата кои биле позитивни на тестот, но според последните извештаи, последниве денови засилено се тестираат српските државјанни, веројатно заради епидемиолошката ситуација која во моментов владее во Србија.
Според протоколот кој е на сила во Грција, на сите чии наоди покажуваат дека се позитивни на корона ќе треба да останат во некој од хотел-карантините најмлаку 14 денови, освен во случај доколку здравствената состојба не бара хоспитализација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување