Речиси 300 санкционирани возачи во Скопје
На 20/21.07.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.
Во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци.
Во периодот од 20.00 на 20.07.2019 до 01.00 часот на 21.07.2019, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци.
Во периодот од 00.00 до 05.00 часот на 21.07.2019, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 12 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта. Сите 12 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи, а откриени се и 47 останати прекршоци.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот