Реченица која малиот Лука ѝ ја кажал на мајка си пред да се удави го крши срцето

Трагично настраданото синче родителите - новосаѓанката Јелена Вукобрат и нејзиниот поранешен сопруг, прославениот одбојкар Маркос Маринковиќ - го испратија прегрнати во солзи.
Во еден момент од преголемата болка и тага кон синот, и двајцата паднаа на колена пред ископаната гробница. Сестричката на Лука не беше присутна на погребот.
Она што го крши срцето се последните зборови на Лука пред да замине на нуркање кои ги кажал на својата мајка. Тој рекол дека ќе биде висок 2 метри и ќе биде здрав како дрен. Но, не успеал во тоа.
Лука на вечното почивалиште го испратија другарите од неговото VI4 одделение од новосадското ОУ „Васа Стајиќ“. Во спомен на прерано изгубениотдругар облекоа бели маички со неговото име, а секој од нив носеше по една бела ружа...
Од Лука во име на одделението се прости еден од другарите кој рече дека одделението прерано го загубиле, дека нема да растат заедно со нив, и дека не си ги исполнил сите свои спортски соништа, еден ден да биде како татко си...
На последното испраќање дошле членовите на семејството, пријателите, другарите на Лука, како и спортисти, колеги на неговиот татко Маркос - одбојкарите Слободан Бокшан и Никола Грбиќ.

Трагедијата се случи во саботата, а на Брач во меѓувреме од Аргентина пристигна и неговиот татко Маркос Маринковиќ, одбојкарска легенда.
Мајката на Лука, Јелена Вукобрат по разводот со Малинковиќ живеела со ќерката и синот во Нови Сад.

Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
