Реакција на Здружението на судии за оштетувањето возило на судијка од Охрид

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува чинот на оштетување на приватно возило на судијка во Основиот суд во Охрид што вчера го извршиле непознати сторители.
- Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува нападот над материјалните добра на судија Билјана Белевска Пројковска, судија во Основен суд Охрид, и особено доколку тие се насочени кон заплашување, односно обид за влијание во постапката за правораздавање, пишува во реакцијата.
Истовремено, Здружението на судиите ја истакнува својата загриженост од ваквите и случни напади на личниот интегритет и безбедност на судиите и, како што наведува, очекува дека надлежните органи во рамките на своите овластувања ќе преземат мерки за заштита и соодветно процесуирање на овие случаи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
