Македонија
7. December 2023 - 14:53

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Богданка Кузеска

СДС потврдува дека стои позади медиумот каде Палевски беше години ководител.

СДС потврди дека стимулира медиуми да шират говор на омраза против Мицкоски и неговото семејство со што директно го изложуваат на ризик нивниот живот. 

СДС потврдува дека е подготвена на секакви сценарија со кои ќе се обиде да ја дестабилизира Македонија. Нема да им помине, а со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе биде проширена и истата ќе ги опфати сите учесници во овој грозоморен настан како и оние со кои Палевски соработуваше со месеци ширејќи говор на омраза.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ