Реакција на Владата за спроведување на изборите на СДСМ за проектите за гасификација
За нас е очекувана ваква реакција на СДСМ полна со дезинформации, погрешни податоци и пристап, и тие се резултат или на нивното непознавање на тематиката и материјата или пак се обид за груба манипулација на граѓаните, стои во реакцијата на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите на реакцијата на СДСМ на владината прес-конференција за проектите за гасификација
Сите лажни обвинувања кои СДСМ ги наведува во нивното соопштение, а во кои се препознава нивниот очај, незнаење, немоќ и нервоза, се вели во пишаната реакција, се тотално неточни и невистинити и ги отфрламе во целост.
- Би додале и дека нашите анализи на фактичката состојба говорат дека тезите со кои СДСМ настапува во јавноста, а кои претпоставуваат некаква наводна успешност на проектите за гасификација во Струмица и Куманово, за жал се неточни и невистинити, затоа што податоците од објективната реалност покажуваат дека претпријатието Струмица гас за жал е во огромни долгови и има сериозни проблеми со ликвидноста и рентабилноста, додека пак во Куманово нема сериозна апликација на овој проект, што значи дека од овие проекти во Струмица и Куманово за жал граѓаните немаат значителна корист, се подвлекува во реакцијата од Владата.
Во пишаната реакција се потенцира дека Владата ги става на располагање сите кадрови и материјални ресурси за да помогне во успешна реализација и во општинските проекти на Струмица и Куманово, се разбира, стои, доколку градоначалниците на овие две општини тоа го побараат од нас, затоа што приоритет на Владата е задоволување на потребите на сите граѓани на Република Македонија.
- Нема да навлегуваме во понатамошни дискусии кои значат политизација и злоупотреба на темата, и очекуваме и СДСМ да се осврне кон реална работа наместо кон критика без аргументи, а граѓаните нека проценат кој е во право на изборите на 11 декември оваа година, се вели во рекцијата од Владата.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква