Реакција на СПМ за неуставно донесениот Закон за јазиците

Социјалистичката партија на Македонија е крајно загрижена за хаосот што секојдневно се создава во Република Македонија со непочитување на Уставот, законите и другите правни акти. Особено загрижува фактот што таквото непочитување доаѓа од законодавниот дом, Собранието на Република Македонија, и од неговиот претседател. Граѓаните на Македонија имаа можност да видат какво насилие беше применето при прогласувањето на Законот за јазиците за усвоен од страна на неуставниот и незаконски избран претседател.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Македонија сé повеќе запаѓа во политичка и економска криза, на која не и се гледа крајот. Граѓаните се длабоко загрижени за судбината на земјата, особено кога пред нивните очи се случуваат настани кои водат кон разградување на нејзините темели ставени со Асномските одлуки. Таа загриженост особено доаѓа и паѓа тешко што креатор на ваквото сценарио е неуставно избраниот претседател во Собранието кој на овој начин гледа спас од одговорност. За да биде иронијата уште поголема Законот за јазиците е ставен на седница на собранието за усвојување без расправа по амандманите по истекот на рокот предвиден од 30 дена по неговото враќање со укажувањата за неговата неуставност од страна на Претседалот на Репубика Македонија, што го прави овој закон без основа за негова натамошна примена.
Ваквите преседани ја туркаат Македонија во беззаконие и хаос со далекусежни последици по стабилноста на државата и безбедноста на граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија целосно ги поддржува ставовите на Претседателот на државата Ѓорѓи Иванов во врска со донесувањето на овој Закон и го охрабрува да истрае во своите правно издржани укажувања дека овој закон не е и не може да биде донесен вон уставот и деловникот на Собранието, како и во неговата одлука да не го потпише указот.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
