Проширен штрајкот на железничарите во Англија

Штрајк на железничарите во Англија денеска доби пошироки размери, откако во еднодневен прекин на работата стапија и вработените во две други железнички компании, поради несогласувањето со управите околу улогата на придружниот персонал во возовите.
Покрај веќе започнатиот штрајк на вработените од компанијата „Саутерн“, која сообраќа на југот од Англија, денеска во штарјк стапија и вработените на железничките компании „Нортерн“, која операира кон англискиот север и „Мирси реил“, чии возови се движат кон западот од англискиот дел на Велика Британија.
Проширувањето на штрајкот на вкупно три англиски железнички компании е резултат на несогласувањето на вработените и на синдикатите со одлуката на раководствата на претпријатијата, во иднина возовите да бидат опслужувани само со машиновозачите, а без помошен персонал, како што е тоа случај сега.
Машиновозачите и вработените во помошнте служби инсистираат компаниите да се откажат од ваквите планови и најавуваат дека ќе ги продолжат протестите.
Синдкатот тврди дека нема да дозволи компаниите да прават намалување на трошоците на работењето со укинување работни места на песроналот во возовите.
Компаниите денеска најавија дека се подготвени да ги продолжат преговорите со синдикатите и ги уверуваат штрајкувачите дека новата шема не значи отпуштања од работа.
Денешниот штарјк во уште две железнички компании предзвика проблеми во сообраќајот во делови од Англија, бидејќи бројот на возовите кои сообраќаат е намален за над 40 отсто.
Посебно се погодени линиите од Лондон кон Манчестер и Брајтон и обратно, како и во делниците кон северна и северозападна Англија.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка 34 сантиметри снег
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
-

Новиот состав на ДИК ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
-

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите
-

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе
