-->
-->
Разбојништво: Сакал да купи крава, го натепале и му ги земале парите
-->
Жител на гостиварското село Мало Турчане, вчера пријавил разбојништво што врз него го извршиле две непознати лица.Според СВР Тетово, И.Ш (69) имал намера да купи крава на добиточниот пазар во тетовско Боговиње. Во близината на пазарот му се доближиле две лица и му предложиле да појде со нив, зашто наводно тие имале добиток за продавање.
Набрзо, кога тргнале кон центарот на селото, физички го нападнале и од ударите паднал во безсознание. Напаѓачите му одзеле 300 евра и 800 денари.
И.Ш. пота пријавил случајот во Полициското одделение Камењане.
Од СВР Тетово, велат дека се превземаат мерки за откривање на учесниците во разбојништвото и за целосно расчистување на случајот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
