Бизнис
2. April 2020 - 16:57

Расте интересот за користење на он лајн услуги

Расте интересот за е-трговија како резултат на вонредната состојба и препораките за седење дома. Од Асоцијацијата за е-трговија велат дека драстично се зголемиле побарувањата за регистрација на он лајн плаќање од страна на трговците, но пораснал и бројот на он лајн нарачки од страна на потрошувачите.

Од Асоцијацијата за е-трговија ги охрабруваат граѓаните да купуваат он лајн, додека истовремено се почитуваат препораките за седење дома со цел да се заштитиме и да го намалиме ризикот од ширење на коронавирусот. Интернет услугите и он лајн нарачките се од голема корист особено периодов, но сепак треба и да се внимава од каде се купува.

Според последните бројки, во земјава регистрирани се околу 960 виртуелни е-продавници. За период од девет месеци реализирани биле околу 4,5 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 125 милиони евра.