Македонија
12. August 2022 - 16:37

Расте бројот на заразени свињи

Од појавата на првиот случај на африканска свинска чума во земјава  до денес, регистирани се шест случаи на болеста. Директорот на АХВ апелираше сите одгледувачи на свињи во државава навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи до инспекторите на АХВ или до најблиските ветеринарни друштва.

- За сите случаи кои ќе бидат навремено пријавени и ќе се констатира болеста, следува финанска помош. Доколку случаите не се пријават, тогаш на одгледувачите не им следува никаква помош преку Буџетот на АХВ, Николче Бабовски, директор на АХВ.

Местото каде ќе се потврди присуство на болеста се прогласува за жариште и во радиус од 3км се врши нештетно отстранување на сите свињи, со цел да се спречи ширењето на болеста.

Во февруари годинава, агенцијата извршила целосен попис на свињите на територијата на цела држава. Со пописот сите фарми во земјава се категоризирани според примената на биосигурносни мерки. Добиените податоци покажаат дека  681 фарма не спроведува биосигурносни мерки а токму тие се најмногу на удар од заразата. 

И од ЗПСМ апелираат сопствениците на одгледувалиштата на свињи да ги почитуваат безбедносните протоколи со цел поголема заштита.

Директорот на агенцијата информираше дека од 26 август, кога повторно бил  констатиран вирусот кај домашната популација,  до денес нивните екипи се постојано на терен и вршат вонреден попис.