Расте бројот на приведени лица за нападот врз градоначалникот на Солун
Расте бројот на идентификувани и приведени лица во врска со претепувањето на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, извршено од ултранационалистите минатиот викенд, објави електронското издание на весникот „Катимерини"
Властите го идентификуваа идентитетот на дванаесеттемина осомничени за нападот на 19-ти мај. Против 22-годишен грчки државјанин ќе биде покренато обвинение за вербален напад и нарушување на јавниот ред.
Други тројца осомничени, на возраст од 20, 21 и 34 години, во петокот беа уапсени од полицијата.
Градоначалникот на Солун беше примен во болница, откако беше претепан за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.
Бутарис се залага за зајакнување на трговските врски со Турција, а на денот, на кој се оддава спомен на жртвите од геноцидот, тој им дозволи на членовите на ЛГБТ-заедницата да организираат геј-парада во Солун.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести