Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
Македонските граѓани велат дека не ги интересира политиката но следат се што се случува на политичката сцена. Вакви резултати покажува истражувањето на Институтот за социолошкки и политичко правни истражувања направено во соработка со Институтот за демократија.
Според него, повеќе од половина од граѓаните покажуваат слаб или никаков интерес за политика додека речи иста бројка тврдат дека разбираат што се случува на македонската политичка сцена.
Истражувањето покажува дека поголемиот дел од граѓаните сметаат дека успешни бизниисмени и независни експерти би можеле да ја водат државата подобро од политичарите а голем е бројот и на оние кои мислат дека политичките текови најдобро ќе се трасираат ако гласачите чеесто се консултираат на референдуми.
Професор Цекиќ вели дека во нови демократии овие резултати не се изненадување. Анкетата е спроведена во периодот од октомври до декември минатата година.
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар