Расте бројот на купувачи на органска храна
Заинтересираноста за органско производство од година на година расте. Свесноста на луѓето за здрава и безбедна храна се зголемува, но голем е бројот и на граѓани кои произведуваат органска храна претежно за лични потреби.
-За органското производство, сами си правиме хумус, прво го ставаме хумусот и не ги прскаме со никакви средства. За наши потреби и наши блиски, но за продажба не, вели ВЕРИЦА БУТЛЕВСКА, ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРГАНСКА ХРАНА.
Во моментот во Македонија има околу 1000 сертифицирани субјекти. Еден од проблемите е токму пласманот за малите производители.
-Не се достапни до тие што сакаат да ги купат нивните производи, а има купци. Голем проблем е и едуцираноста кај луѓето, има производители кои не се информирани кои заштитни средства се дозволени, луѓето имаат проблем, а во првата земјоделска аптека се продава препаратот кој е дозволен во органското производство, но информацијата недостасува, а понекогаш настануваат и штети, вели ГОРАН КОЛЕВ, ПРЕТСТАВНИК НА СЕРТИФИКАЦИСКО ТЕЛО ЗА КОНТРОЛА НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ.
Потребна е и едукција кај потрошувачите како да ја препознаат органската храна.
-Секој производител треба да има сертификат и ако продава некој производ на својата етикета треба да го искористи логото за органско производство и да пишува кое сертификациско тело го издало тој сертификат и кој е бројот на сертификатот и во тој случај и двете сертификациски тела во Македонија се достапни секогаш за потрошувачите и да прашаат дали тој е сертифициран и го имаме во нашите листи. Доколку го има во ред, но доколку го нема тогаш се работи за фалсификација, истакна Колев.
Инаку, секој производител најмалку еднаш годишно е посетен од контролорите на сертификациските тела и ако има потреба се прават дополнителни контроли.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
