Loading Video...
Спорт плус
10. September 2022 - 18:55

Распределба на медали на ЕП во ватерполо

На Европското ватерполо првенство што се одржува во Сплит, вечерва ќе бидат распределени медалите. 

 
За златото, ќе се борат домаќинот Хрватска и актуелниот европски шампион Унгарија. 
 
Финалето ќе започне од 20.30 часот, а претходно во дуелот за бронзата ќе играат Шпанија и Италија.