Македонија
3. November 2015 - 17:35

Распишан конкурс за доделување 745 стипендии за средношколци

НАЈАВА-Министерството за образование распиша кокурс за ученички стипендии. Право на нив ќе имаат 745 средношколци поделени во 6 категории. Најголем дел ид нив или 400 се наменети за учениците од социјално ранливите категории. Кокурсот ќе трае десет дена а резултатите ќе бидат објавени кон средината на декември.

Распишан е конкурсот за доделување на стипендии за срдношколците. 80 ијалди ученици во трка за 745 стипендии кои се поделени во шест категории. 400 од нив се наменети  за социјално ранливите средношколци, висината е 2200 денари/месечно, а условот е просечен успех 4 и материјалната состојба во семејството. 2750 денари месечно ќе добиваат 80 ученици со статус, деца без родители. Ист е износот и за средношколците со посебни потреби а стипендија ќе земаат педесет. 150 талентирани спортисти  9 месеци ќе добиваат по 2970 денари а предност ќе имаат оние кои освоилие награди на меѓународни и домашни натпревари.50 стипендии се наменети за талентираните ученици од сите области и 15 во вредност од 2200 денари за учениците од угостителско-туристичката струка.

-Не се фавозризираат ниту една група, повеќе стипендии се одвбојуваат за спортистите затоа што сакаме да го поттикенем спортскиот дух кај младите, наскоро се предвидува да се основа спортска академија ...

Конкурсот ќе трае до 15 ноември а резултатите ќе бидат објавени за еден месец. Учениците ќе земаат стиупендии 9 месеи а за нив државата ќе одвојува околу 30 илајди евра на месечно ниво.Моделот на стипендирање посебни категории на средношколци се применува веќе 5-та година.