Македонија
15. March 2016 - 19:29

Распишан е тендер за реконструкција на патот Сопиште - Говрлево

Распишан тендерот за реконструкција на патот Сопиште-Говрлево. Ова го  објави на својот Фејсбук профил лидерот на владеачката партија Груевски кој што информираше дека за обнова на патот долг 8 км ќе бидат инвестирани 550 000 евра. Тендерската постапка ќе трае до 22ри април, по што ќе биде избрана градежна фирма која ќе го реконструира регионалниот пат.

Во меѓувреме во општината Сопиште во тек е изградба и на фекална канализација за Сопиште и Сончев град и одведување на отпадните води низ општините Аеродром и Кисела Вода, инвестиција вредна 4,9 милиони евра. Со овој проект ќе се помогне на околу 130 илјади жители од овие општини. Остануваме блиски до народот и во исполнувањето на потребите кои ќе значат подобар живот за граѓаните.

Ова беше барање на жителите  при посетата на Груевски во септември лани.

Откако ќе биде завршена изградбата на канализацијата, ќе почне и реконструкцијата на остатокот од регионалното поврзување.