Распад на СЈО: Катица Јанева ја исклучува од својот тим Фатиме Фетаи!?
Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе ја исклучи од својот тим обвинителката Фатиме Фетаи, пишуваат соросoвите медиуми кои известуваат на албански јазик.
Според Алмакос, тензиите настанале кога Фетаи подготвила комплетен предмет со обезбедени посебни истражни мерки за функционери на една албанска политичка партија, што би бил прв предмет кој не е против најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ.
Во јавноста се коментира дека станува збор за една од партиите кои треба да бидат во коалиција со СДСМ, поради што, Јанева инсистирала предметот воопшто да не се отвара бидејќи може да им наштети на преговорите за коалиција кои што ги води лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Информацијата ја проверивме во СЈО.
Од таму велат дека станува збор за дезинформација и дека во наводите нема вистина.
Останува нејасно, зошто ваква информација лиферуваат медиумите кои се финансирани од СОРОС и кои се практично огласна табла на СЈО.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
