Рама најави задолжителна вакцинација за студентите и универзитетските професори
Албанскиот премиер Еди Рама најави задолжителна вакцинација на студентите, професорите и сите вработени на универзитетите, со цел да се спречи „ескалација на ситуацијата со Ковид-19“, јави дописничката на МИА од Тирана.
– Да не кажете после дека не ви реков, нема сакам не сакам. Велам не постои „сакам, не сакам“ за сите оние кои сакаат да бидат со другите, треба сите да знаат дека одговорност е ако некој не сака да се вакцинира го загрозува животот на другиот. Невозможно е да си дозволиме да имаме непотребна ескалација на бројките и потоа да одиме на мерки што никогаш не треба да се вратат во Албанија, рече Рама при посетата на студентскиот град.
Тој додаде дека ќе биде остварена интензивна комуникација со сите ректорати, со цел да се посочат опасностите што ги носи новата варијанта Делта и оти вакцинацијата за студентите ќе биде задолжителна.
Рама, кој подетално се запозна со условите во Студентскиот град во Тирана, каде претходно Владата одлучи да бидат смести Авганистанците, за што студентите се иселија, сега рече дека ова може и да не случи, бидејќи нивното пристигнување од познатите причини доцни.
– Нивното пристигнување доцни, па можеби нема да биде потребно зашто хотелските капацитети по сезоната ќе бидат ослободени. Но, во сите случаи важно е да биде јасно дека не се работи за отстранување студенти и доведување авганистански бегалци, туку за користење на домовите во време пред почетокот на новата академска година, рече Рама.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден