Радев: Не малцинство во Уставот, туку рамноправност на македонските Бугари
Навистина напредуваме, промената на Уставот за РС Македонија е веќе прифатено да се случи и треба прво да се смени уставот па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев.
– Билатералните прашања треба да се покренат на ниво на ЕУ во преговарачката рамка. Ова не е само билатерален спор околу историјата, тоа се прашања кои се однесуваат на темелите на ЕУ и по многу состаноци и убедувања европските партнери конечно сфатија дека пристапот за решавање на овие прашања е во европските рамки. Рамноправност на македонските бугари заедно со другите народи, а не малцинство, никогаш не сме зборувале за малцинство – вели Радев, кој е во Латвија, пренесе БГНЕС.
Тој додава дека Владата и Народното собрание треба да решат дали билатералниот протокол со Скопје доволно го брани бугарскиот интерес за отсега на негова основа да се градат преговарачки односи. Ова е клучот за правично решавање на проблемот, вели Радев.
Според него сегашниот пристап кон прашањето води кон блокирање и неможност да се донесе одлука за Македонија. Според Радев, одлуката треба да ја донесе Владата и парламентот да ја одобри, а не обратно.
– Едно е јасно, во моментов нема време да се укине ветото, нема шанси тоа да се случи сега. Затоа што овој протокол мора да го усвои и бугарскиот парламент и парламентот на РСМ. Ако нема јасни механизми со мерливи критериуми, тогаш тоа не е решение – додаде Радев.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата