Радев: Членството на Северна Македонија во НАТО не е закана за никого
Членството на Република Северна Македонија во НАТО не може да биде извор на опасност за никого. Напротив, тоа ќе придонесе за поголема безбедност на регионот, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за руската новинска агенција ТАСС.
Тој ја смета за погрешна парадигмата според која безбедноста на една земја се осигурува за сметка на безбедноста на друга држава.
– Оваа формула води до нестабилност и недоверба и создава ризици. Членството на земјите од Западен Балкан во НАТО кое Бугарија го поддржува го намалува потенцијалот за конфликти во нашиот сложен регион, потенцира Радев.
Бугарскиот претседател вели дека е неопходно да се намалат тензиите меѓу НАТО и Русија, и да се воспостави целосен дијалог во врска со безбедносните прашања. Зацврстувањето на довербата, според Радев, ќе помогне да се надминат меѓусебните стравови кои постојат во овој момент.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите